Додатна и дополнителна за март
Додатна и дополнителна за февруари
Додатна и дополнителна за јануари
Додатна и дополнителна за декември 2024
Додатна и доолнителна за ноември 2024
Додатна и дополнителна за октомври 2024
Додатна настава - септември 2024
Дополнителна настава - септември 2024
Додатна и дополнителна настава - јуни
Додатна и дополнителна настава - мај
Додатна и дополнителна настава - април
Додатна и дополнителна настава - март
Додатна и дополнителна настава - февруари
Додатна и дополнителна настава - јануари
Додатна и дополнителна настава - декември
Годишна програма 23-24 Дел 1 Дел2 Дел 3 Дел 4
Додатна и дополнителна настава - ноември
Додатна и дополнителна настава - октомври и приемни термини
Дополнителна настава - септември
Извештај - информации од јавен карактер
Годишна програма 2022 Дел 1 Дел 2 Прилози
Самоевалуација 2022 Подрачје 1 Подрачје 2 Подрачје 3 Подрачје 4 и 5 Подрачје 6 и 7 Прилози
Годишен извештај за слободен пристап до информации
Податоци за одговорно лице за информации од јавен карактер
План за спречување на корупција
Интегрирање со систем за јавни набавки
Планирани набавкиПланирани набавки
Галерија
http://oougocedelcevilinden.eu.mk/index.php/blog#sigFreeId58c7633527
Активности
Е твининг проект “Ние сме тука со нашите вредности“
(We are here with our values)
Во свет каде што човечките суштества не се разбираат едни со други или не се грижат за чувствата на другите, ние се обидувавме да создадеме свест за чувството на емпатија и ставање на кожата на другите со помош на некои активности. Наша цел беше да ја зајакнеме нашата врска благодарение на овие активности фокусирајќи се на нашите вредности како милост, љубов, почит, емпатија или толеранција.
Наставниците и учениците од Турска, Грција, Грузија, Белгија, Тунис и нашата земја Македонија покажаа дека мал број на држави кога ќе се обединат за доброто на сите има позитивен исход, а што би се случило кога земјите од цел свет би се вложиле барем малку за подобрување на човечките вредности?
Голем број на активности во кои земаа учество наставничките Силви Малиновска и Анита Серафимовска заедно со своите ученици беа спроведен во период од октомври-април низ кои учениците работеа на своите човечки вредности. Излеговме сите заедно од проектот со многу придобивки за подобар свет и подобри луѓе. Финалниот производ на крајот од проектот беа шољи и тефтери со принт -лого за некоја човечка вредност кои учениците си ги изработуваа и меѓусебно и си ги подаруваа.
Етвининг проект „Еко Божиќни честитки"
Етвининг проектот „Еко Божиќни честитки“ беше лансиран од страна на ОУ“Кнежеви Виногради„- Хрватска како основач и ООУ„Гоце Делчев„-Илинден како ко-основач со цел да се промовираат одржливи практики и стари обичаи на испраќање божиќни честитки, но со еколошки пристап. Фокусот на проектот беше на изработка на рециклирани честитки од еко материјали.
Во проектот учествувавме 6 наставнички од нашето училиште:
1.Силви Малиновска- коосновач
2.Ивана Велиновска- Боцеска
3.Анита Серафимовска
4.Данче Нацевска
5.Марија Спасовска
6.Вероника Ѓорѓиевска
Целите на проектот беа:
Да се подигне свеста за важноста од заштита на животната средина и намалување на отпадот за време на божиќните празници.
Поттикнување на креативноста и личен пристап за правење новогодишни честитки од еко материјали.
Организиравме работилници, на кои учениците научија да изработуваат еко честитки.
Учениците со картичките кои ги изработија покажаа високо ниво на креативност и иновативност. Партнерствата им овозможија на учесниците во проектот да се запознаат и да ги шират обичаите на другите култури.
Активно ги користевме социјалните медиуми за споделување на процесот на правење, совети и фотографии од еко честитки, охрабрувајќи ги другите наставници да се приклучат на проектот.
Написите и приказните за проектот ја подигнаа свеста за важноста на еколошките иницијативи за време на празничната сезона. Проектот „Еко честитки за Божиќ“ ги постигна своите цели за поттикнување на еколошките практики за време на божиќниот период
eTwininng проектот Friendly Steps for NATURE
Наставничките Вероника Ѓорѓиевска, Данче Нацевска и Марија Спасовска заедно со учениците од шесто одделение учествуваа во eTwininng проектот Friendly Steps for NATURE.
Проектот содржеше иновативни активности посветени на заштитата на животната средина.
Со работата на овој проект учениците допринесоа да се подигне свеста за заштитата природата и ресурсите,заштеда на енергија,намалување на количината на отпад, со цел стекнување на еколошки навики и ефикасно користење на природните ресурси.
• Мост на пријателство меѓу Општина Илинден и Општина Решетари, Хрватска
Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Општина Илинден и Основното училиште „Анте Старчевиќ“ од Решетари, Хрватска, потпишаа Спогодба за меѓусебна соработка, во рамките на реализацијата на меѓународниот проект Мост на пријателство: Илинден-Решетари.
Во присуство на амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и градоначалникот на Општина Решетари, Златко Ага, како и директорите на двете училишта.
Основна цел на овој проект е размена на разбирање и почитување на различните култури, на културното наследство на местото, на родниот крај, на татковината како што се: фолклор, музика, традиција и обичаи, потоа запознавање со другите oбразовни системи, поттикнување на мобилноста на учениците и наставниците, како и размена на европска соработка во областа на образованието.
Потпишувањето на спогодбата и соработката во областа на образованието е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Општина Илинден и Општина Решетари во повеќе области, по потпишувањето на Спогодбата за меѓусебна соработка и пријателство меѓу двете општини во 2012 година.
Со неа е предвидено преку заеднички проекти во областа на културата, туризмот, стопанството, знаменитостите, образованието и спортот да се унапредува стопанството и социјалниот развој во двете општини. Трајната соработка се остварува преку среднорочни и долгорочни програми, односно преку конкретни заеднички проекти.
![]() |
![]() |
![]() |